Дарко Каевски: ВМРО-ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, нема промени во оваа партија

ВМРО-ДПМНЕ излажа за потписите на Гордана Силјановска Давкова, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска Давкова немаат поддршка од граѓаните.
Како што ВМРО-ДПМНЕ ги лажира анкетите така се обиде да ги лажира и потписите за Гордана Силјановска Давкова, но не успеа.
ВМРО-ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.
И што е најлошо повторно ги излажаа граѓаните.
Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска Давкова само 40 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Паднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ, паднаа во вода помпезните прес конференции дека за неколку часа биле собрани потписи, дека повеќе биле собрани.
Еве се покажа дека не биле, дека немаат поддршка.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ. Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска Давкова не можат да донесат промени на подобро.
Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.
На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Ѓорѓе Иванов.
На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.
Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.
Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.