08/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ: Cтево Пендаровски еднаш велеше дека барањето на Бугарија за промена на Устав е мешање во внатрешни работи, сега е главен поборник

Ставот на Cтево Пендаровски е како пластелин, малку бугарски притисок и одма се смени. Ај што велеше дека „ван памет“ било да се менува Уставот, па уште и тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека пораките од Софија да се смени Уставот, па да почнат разговорите, според Пендаровски едно време беа преседан од невидени размери.

– Арно ама пластелин ставот на Пендаровски се смени, за жал на штета на македонските национални и државните интереси. Според неговите лични оценки, Пендаровски дозволи невиден преседан и мешање во внатрешните работи на Македонија. Тој беше избран и зема плата за да ги штити интересите на Македонија и суверенитетот и интегритетот на државата како негови уставни надлежности, ама ги заборави, истакнуваат тие.

Од партијата посочуваат дека Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Брзо заборави што говореше и го смени ставот за 180 степени.

Одеднаш стана главен поборник за промена на Уставот по барање и притисок на Бугарија. Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме, стои во соопштението.

Споделете