Демократската бошњачка партија со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Претседателот на Демократската бошњачка партија, Салко Куќ ја изрази својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на наредните избори. Поддршката е изразена на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод неговата промоција за носител на изборната единица 1.
„Спрени и сплотени одиме заедно со мкдонскиот народ во историска победа!
Победа за спас на татквината и добробит на сите нејзини граѓани без разлика на верска, етничка и културна разлика.До промени сигурно доаѓа, наскоро“, напиша Куќ на социјалната мрежа фејсбук.