08/06/2025

СДСМ: Изолација со Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ или европска иднина со нас и Стево Пендаровски, тоа е изборот

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

„Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Само со Cтево Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди“, се додава во нивниот допис.

Затоа на претстојните избори граѓаните, како што оценуваат, ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

„Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.

Споделете