МКЦ: Вработените денес oдржа состанок на синдикалната организација барајќи решение за престанокот на активностите

Вработените во МКЦ денеска на состанок на синдикалната организација ќе бараат решение за престанокот на активностите, откако директорот Арбен Шаќири доби известување од ДКСК дека додека трае изборниот процес противзаконски е потпишувањето нови договори со кои ќе се оштети буџетот, објави Teлевизија Телма.
Според извори на телевизијата, ваквата одлука на Шаќири покажува дека тој нема искуство за функцијата што ја врши, зашто договорите кои се прекинати не се поврзани со користењето буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои преку работата остваруваат приходи за МКЦ и од нив се исплаќаат.