Taлат Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот

Талат Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот. Имено тој го прекршил Уставот и платил казна поради неспоивост на функциите, објави Алсат М Телевизија.
Според антикорупционерите, Џафери иако бил претседател на Собранието истовремено членувал и во партиските органи на ДУИ, поконкретно во претседателството на Генералниот совет на партијата.
Од Антикорупциската комисија прашале дали и покрај платената казна Џафери се уште извршува партиска функција, но од ДУИ одговор не добиле.