08/06/2025

Игор Џамбазов со маестрална изведба на „Т’га за југ“ и бура од емоции  (ВИДЕО)

ScreenShot/Youtube/ Radio Bubamara

Како и секоја година, така и оваа, Игор Џамбазов ја имаше најемотивната изведба на Златна Бубамара на популарноста.

Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрагата за подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја.

– „Т’га за Југ“ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија, со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека почесто ќе доаѓаат, рече Игор Џамбазов пред изведбата.

Со него на сцената настапија Маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.

Споделете