Дарко Каевски: МВР да одговори каква е улогата на Христијан Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога

Почитувани!
Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу прашања.
Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста треба да дознае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер?
МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од BMPO-ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори:
Која била улогата на обезбедувањето на Христијан Мицкоски?
Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога?
Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?
Граѓаните ги очекуваат одговорите.
Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.
Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно.
Изјава за медиуми на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.