Расчистување за вчерашната тепачка помеѓу полициски службеници

Превземени се сите мерки по однос на вчерашниот немил настан во кои силите ги одмерија два полициски службеника во познато скопско кафуле. Дополнителниот технички министер, Панче Тошковски во фејсбук статус ги доловува клучните моменти на истрагата кој сеуште е во тек!
„Во врска со вчерашниот настан кој се случи пред еден угостителски објект во центарот на Скопје каде полициски службеник кој не бил на должност, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија ја информирам јавноста дека:
Од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во експресно време случајот е расчистен и до надлежниот јавен обвинител денес е поднесена кривична пријава против сторителот за кривично дело “Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ предвидено и казниво по член 383 од Кривичниот законик.
Исто така, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземени се сите неопходни дејствија за покренување на дисциплинска постапка и изготвен е предлог врз основа на кој пријавениот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на кривичната постапка во целост“ напиша Тошковски на социјалните мрежи.