СДСМ: Панче Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со пасошите

Од СДСМ бараат ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, што, како што велат, ги лажеше и ги доведе во заблуда дека за час ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите.
„Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на BMPO-ДПМНЕ Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем. BMPO-ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши, велат тие.
Додаваат дека како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на BMPO-ДПМНЕ.
Одеднаш, како што додаваат од СДСМ, ништо од законот, одеднаш МВР работело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат, како што велат, оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.
Според СДСМ, ништо не се менува во BMPO-ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.