СДСМ: Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука

СДСМ пишува дека ВМРО-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се што кажа Xpистијан Мицкоски излажа, велат од СДСМ.
„Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Христијан Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата. А сега Христијан ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Христијан Мицкоски излажа. Нека излезе сега пишман аџијата Христијан Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ“, додаваат од СДСМ.
Според нив Христијан Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата.
„Министрите на ВМРО-ДПМНЕ не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа партија едно се говори, друго се мисли, трето се прави. На Христијан Мицкоски не може да му се верува“, завршуваат од СДСМ.