08/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема никаков напредок во борбата против корупцијата

СДСM и ДУИ се 7 години власт во Македонија, а корупцијата 7 години метастазира. Тоа го покажува и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој Македонија ја рангира на ниво на Тринидат и Тобаго и Молдавија, односно на 76 место. Патем со 42 индексни поени, Македонија во изминатата година не направила речиси никаков напредок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека она кое што го лоцираат во извештајот е дека со измените на Кривичниот законик се создала пречка во ефективната борба против корупцијата.

Но, што да се очекува од една корумпирана власт како оваа на ДУИ и СДСM, освен да ја опструира борбата против криминалот. Малку им беше тоа, па извршија и сериозна партизација и притисок во правосудството, кое го донесоа до ниво од само 1% доверба меѓу граѓаните, истакнуваат тие.

Од партијата истакнуваат дека овој неславен рекорд покажува дека за да се осигураат дека нема да одговараат, високите функционери од ДУИ и СДСM ги вдомија своите роднини и партиски пријатели во судството и обвинителството, за да може да им „врви бизнисот“.

– Впрочем за состојбите и во судството и во полето на борбата против корупцијата најдобар показател е извештајот на ЕК, кој прави целосна вивисекција на криминалната власт на ДУИ и СДСM. Во Македонија никогаш не било полошо, отколку сега со власта на ДУИ и СДСM. Затоа е важно да ги поразиме, стои во соопштението.

Споделете