Пренџов: Денес е почетокот на крајот на најнеспособната и најкриминалната политичка номенклатура која Македонија ја има видено во својата историја

Пратеникот Љупчо Пренџов го најави почетокот на крајот на, како што тој вели, најнеспособната и најкриминалната поличикна номенклатура која Македонија ја има видено во својата историја.
Многу помина уште 100 дена останаа.
– Денес е почетокот на крајот на најнеспособната и најкриминалната политичка номенклатура која Македонија ја има видено во својата историја.
– СДСМ и ДУИ се еден чекор поблиску до буништето на историјата.
– Завршуваат како што започнаа – со кршење на основните демократски начела и кршење на изборната волја.
– Најкриминалната партија “холдингот ДУИнг бизнис” која има само десетина проценти од столчињата во Собранието на РМ а контролира повеќе од 50% од државата и општеството, денес, го добива и премиерското место. Или, можеби како што се зборува, денес му прекинува мандатот на “техничкиот премиер” кој доаѓа од “техничката владеачка СДСМ” а власта се формализира преку кадар на вистинската владеачка партија “холдингот ДУИнг бизнис”
– Оваа го гледаат граѓаните и знаат што точно и се случува на Македонија па за тоа и на прашањето по што ќе ја паметите владата на Ковачевски, велат по Артан Груби.
– На 8ми мај “холдингот ДУИнг бизнис” и “техничката” СДСМ ќе бидат жестоко поразени и пратени во заборав. Македонија ќе победи и ќе изгрее ново сонце на слободата.