08/06/2025

Во Собранието на Македонија денеска ќе се бира третата техничка влада

Во собранието на Република Македонија на 141. седница, ќе се одбира третата техничка влада според Пржинскиот договор, која ќе има за задача и цел фер и демократски да ги спроведе парламентарните избори во Македонија кои ќе се одржат на 8. мај годинава.

Според Пржинскиот договор, најголемата опозициска партија, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ, предлага два министри и тројца заменици кои ќе бидат дел од владата, а владејачкото мнозинство го предлага техничкиот премиер кој ќе застане на чело на оваа влада 100 дена пред изборите.

Талат Џафери и консензуалниот избор на СДСМ и ДУИ за технички премиер, додека пак ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Панче Тошковски за министер за внатрешни работи, Елена Петрова за заменик министер за финансии, Стефан Андоновски за заменик министер во министерството за информатичко општество, Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика и Цветан Трипуновски заменик министер во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за технички министри во владата.

Овој состав на техничката влада пратениците треба да го изгласаат до денес на полноќ, со што истите ќе ги превземат функциите.

ВМРО-ДПМНЕ се уште е на ставот дека ќе се воздржи од поддршка за Талат Џафери.

Седницата во Собранието на Македонија е закажана за 11 часот.

Споделете