Зеленски ги повика Украинците да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да ја преземат иницијативата во свои раце за да го решат текот на војната со Русија која трае речиси една година и да обезбедат поддршка ширум светот.
Тој ова го изјави во своето редовно видео обраќање по враќањето од Светскиот економски форум во Давос, каде што упати апел до Западот да го засили притисокот со санкции врз Москва и да ја зголеми поддршката за Украина.
Неколку месеци откако украинската контраофанзива даде лимитирани резултати, Зеленски изрази уверување дека Вашингтон наскоро ќе ја достави помошта што беше одложена поради одредени спорови во Конгресот.
Поддршката што ја вети ЕУ исто така заостанува.
– На Украина и треба поамбициозна и поактивна перспектива за иницијативата да биде во нашата земја, а не кај непријателот, а крајот на војната да зависи од украинските дејствија, рече Зеленски.
– Светот ги поддржува оние кои имаат одредена перспектива. И тоа е фундаментална задача – да преземеме иницијатива за да имаме можност да станеме посилни, додаде Зеленски.