09/06/2025

Македонија вечерва против Франција го отвора ЕП 2024

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Дизелдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.

Покрај во Дизелдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен.

Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани од секоја група одат во Главната фаза која ќе се состои од две групи со по шест селекции.

Легендата на францускиот ракомет Никола Карабатиќ ќе го одиргра својот 349 натпревар во францускиот дрес и очекува тежок натревар пред полна сала против македонската репрезентација.

„Ќе мораме да бидеме фокусирани на натпреварот и да не размислуваме многу за оваа историска димензија. Најважната работа секако е победата, но сите знаеме од нашето искуство дека првите натпревари на големите натпреварувања секогаш се многу тешки“, изјави Карабатиќ.

Европската ракометна федерација ги објави и судиските номинации за машкиот ЕХФ ЕУРО 2024 година во Германија. Помеѓу 18 двојки се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Првенството се одржува од 10 до 28 јануари следната година, а бранител на шампионскиот трофеј е Шведска.

Споделете