08/06/2025

Само Бекенбауер и уште двајца други направиле ваков подвиг

Франц Бекенбауер, легендарниот фудбалер, почина завчера на 78-годишна возраст. Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а за тоа говори и следниот податок.

Славниот баварец, за јавноста познат како Кајзер (Император), е само еден од тројцата кои освоиле Светско првенство и како играч и како тренер.

Тоа го направи со Германија во 1974 и 1990 година.

Освен него, истиот подвиг успеаја да го направат и Марио Лобо Загало со Бразил во 1958 и 1962 година и Дидие Дешамп во 1998 и 2018 година.

Бернд Нојендорф, претседател на Германскиот фудбалски сојуз, изјавил дека Бекенбауер е „еден од најдобрите играчи што ги имал спортот“.

„Изгубивме уникатен фудбалер и извонредна личност“, рекол тој.

„Со својата елеганција, леснотија и поглед на се, ги постави стандардите на теренот. Франц Бекенбауер остава огромно наследство на Германскиот фудбалски сојуз и на фудбалот во целина“.

Споделете