08/06/2025

Али Ахмети: Aлбин Курти ни се меша во политичката сцена

Премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на албанците во  Македонија. Еди Рама не го прави тоа, тој направи напори да ги приближи партиите во Македонија и благодарен сум за ваквиот пристап, изјави Али Ахмети, претседателот на ДУИ на гостувањето во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.

Ахмети исто така смета дека јавната подршката на Албин Курти за претеседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година беше мешење во политичката сцена во Македонија.

„Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен, ниту патриотски, се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократскиот сојуз, му дадовме поддршка. Во театар може да се прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник“, рече Ахмети.

Тој изјави дека по најавите за делување на Самоопределување во Македонија – интерес пројави и меѓународната заедница.

„Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови“, нагласи Ахмети.

Споделете