08/06/2025

Во земјотресот во Јапонија загинаа 202 лица, 102 се водат за исчезнати

Во земјотресот што ја погоди префектурата Ишикава на 1 јануари, загинаа 202 лица, соопштија денес локалните власти. Според новиот биланс што го објавија тие, 102 лица се водат за исчезнати, а 202 се загинати.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Јапонија, односно јапонскиот полуостров Ното, во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето и уривање на згради и патишта, во тесен појас со должина од околу 100 километри во Јапонското Море.

Споделете