Израелската армија започна нова и помалку интензивна фаза од својата инвазија на Газа

Израелската армија започна нова и помалку интензивна фаза од својата инвазија на Газа, рече главниот воен портпарол Даниел Хагари, по долгиот притисок од САД и другите сојузници да ја намалат офанзивата која предизвика смрт на цивили и големо уништување во Газа.
Хагари рече дека во таа фаза ќе бидат вклучени многу помалку копнени сили и ќе има помалку воздушни напади. Тој додаде дека Израел ќе продолжи да го намалува бројот на војници во Газа, како што беше започнато во декември.
Навестувајќи дека Израел ги деградирал воените способности на Хамас на северот на Газа и дека армијата сега ќе се фокусира на упориштата на Хамас во јужниот и централниот дел на палестинската територија, односно околку градовите Кан Јунис и Деир ал-Балах.
Исто така, тој објави дека Израел има за цел да ја олесни испораката на хуманитарна помош на луѓето во Газа.
Ова Хагари го изјави пред доаѓањето на американскиот државен сектретар Ентони Блинкен во Израел и регионот со цел да се спречи ескалација на војната во Газа регионална војна.
Сепак, се уште не е јасно дали новата фаза од израелската офанзива ќе биде помалку опасна и смртоносна за палестинските цивили. Здравствените власти во Газа продолжуваат да известуваат за повеќе смртни случаи во секојдневните воздушни напади на Израел.
Властите вчера објавија дека претходната ноќ биле убиени 247 луѓе, што претставува најголем број на убиени во еден ден од почетокот на војната.
Израелските сили го бомбардираа Кан Јунис и централна Газа за време на судирите во тие области, велат жителите.