09/06/2025

СДСМ ja започнуваа иницијативата за формирање на Европскиот фронт

Bладеачката СДСМ иницира формирање Европски фронт во којшто ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ. Заедно да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, соопштија од партијата.

Додаваат дека Европски фронт за посилен економски напредок, поголеми плати и пензии, врвна демократија, социјална правда и европски животен стандард со европски вредности.

– Пред нашата држава и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. СДСМ е подготвена во името на врвните државни и национални интереси и оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно со Европскиот фронт да ја внесе земјата во ЕУ, стои во соопштението.

Споделете