08/06/2025

Дојава за бомба во средно училиште во Словачка

Гимназија во Братислава по електронска пошта била известена за поставена бомба, соопшти полицијата.

Полицијата во објава на Фејсбук демантираше дека имало експлозија и наведува дека истрагата е во тек.

Некои словачки портали претходно објавија дека на учениците не им било дозволено да влезат во училиштето и дека се пратени дома, а закани за бомби добиле и други училишта.

Споделете