08/06/2025

МВР со детален опис за убиецот

Многу прашања од ноивнарите и премногу недоречености од страна на официјалните лица од Министерството за Надворешни Работи. Присутните новинари на „вонредната“ прес конференција на МВР останаа куси во своите записи по однос на отчетот за истрагата за убиството на Жежовски и малата Вања.

Попладнево на својата фејсбук страница оттаму објавија соопштение со кое го обелоденуваат досието на лицето Љ.П. во истрагата.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

“Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување„ објави МВР.

Споделете