08/06/2025

Панче Жежовски ликвидиран поради долг од 500 евра

Според исказите дадени во ЈО, велешанецот Панче Жежовски имал должничко-доверителски односн према првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо во износ од 500 евра.

Тоа е една од причините тој да биде ликвидиран и да му биде одземено возилото со кое е киднапирана Вања, истакна Јавниот обвинител, Гаврил Бубевски.

– Панче веројатно е земен како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето на Вања и да се заврши целокупниот криминален потфат – рече обвинителот Гаврил Бубевски одговарајќи на новинарско прашање на прес конфернеција.

Тој тврди дека избеганиот осомничен е тој што ги „испалил куршумите“ кон Вања.

Организираноста на групата ќе се испитува дополнително, сега за сега дејствијата се соизвршителски, едно дејство без друго не може. Мајката нема никаква улога во дејствија кои се од проблематична природа, рече Бубевски.

– Заедно ги вршат но се како соизвршители, заеднички извршители на едно дело – појасни Бубевски.

Од петтемина приведени тројца се во притвор, двајцата други се сопствениците на „реното“ кое возело заедно со „цитроенот“, појасни Спасовски.

– Двајцата други беа сопственици на „реното“ кои ги имаат возилото, а го даваат на користење на партијата и ова возило го управува првоосомничениот – рече Спасовски.

Споделете