08/06/2025

Израел соопшти дека добил нова листа на заложници кои треба да бидат ослободени

Израелската Влада соопшти дека примила нов список на заложници во Појасот Газа што Хамас ќе ги ослободи денеска во замена за еднодневно продолжување на примирјето.

„Пред кратко време Израел доби список на жени и деца во согласност со условите од договорот и затоа примирјето ќе продолжи“, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во соопштението не се прецизира бројот на заложниците што ќе бидат ослободени.

Споделете