08/06/2025

Фезер предупреди на зголемување на терористичката закана

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупреди на зголемен ризик од терористички напади по ненадејниот напад на палестинското движење Хамас против Израел на 7 октомври и неодамнешните апсења во Германија, јави ДПА.

-Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламисти, се значајна закана во секое време, изјави Фезер за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека војната во Газа има директно влијание врз безбедносната ситуација во нејзината земја.

-Неодамна презедовме толку големи акции во исламистичките кругови, бидејќи внимателно следиме како се менува нивото на закана, рече таа, укажувајќи на фактот дека германската криминална полиција блокирала 170 канали и создавачи на содржина на апликацијата Телеграм.

Споделете