09/06/2025

СДСМ: Дали на вредностите на Енвер Хоџа ќе почива коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица?

„Христијан Мицкоски ги симна маските на ВМРО ДПМНЕ и јавно призна дека е за коалиција со Левица, која отворено е против НАТО и ЕУ, велат од СДСМ!

Дали коалицијата ВМРО ДМПНЕ и Левица ќе почива на вредностите на диктаторот Енвер Хоџа?

Може и Христијан Мицкоски следната година да оди да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Димитар Апасиев.

Вистинските вредности за кои се залага Христијан Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица.

Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена.

Христијан Мицкоски е во договор со партија која е против НАТО алијансата и Европската Унија и е фактор за дестабилазија, изолација и загрозување на евроинтеграциите на нашата земја“.

(Превземено од прес службата на владеачката СДСМ)

Споделете