Јунајтед со победи на пет од последните шест натпревари во Премиер лигата и дојде на само шест од првото место

Црвените ѓаволи победија на пет од последните шест меча во англискиот шампионат.
Избраниците на Ерик тен Хаг вчера го совладаа Евертон на гости со 3:0 во 13. коло.
Почнувајќи од 7 октомври Јунајтед загуби бодови само на натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити (0:3). Победи пет натпревари во Премиер лигата (Брентфорд, Шефилд јунајтед, Фулам, Лутон и Евертон) минимално но ефективно со вкупен резултат 9:2 .
Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата со шест бода помалку од лидерот Арсенал.
Во следното коло Јунајтед на 2 декември ќе го пречека Њукасл Јунајтед кој со резултат од 4 : 1 ги демолираше лондонските „сини“ од Челзи.