ПОЛИЦИЈАТА СО ОДГОВОР ЗА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ИСТ ГЕЈТ

По објавената информација дека Ист гејт Мол се евакуира во овие моменти, Курир доби одговор и од МВР што се случува таму.
Од МВР велат дека станува збор за пожар во автомобил „Рено Лагуна“.
Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето, велат од МВР.
Инаку претходно беше објавено дека дека на сите вработени им било наложено да го напуштат молот по споредниот излез, а испразнет бил молот и од купувачи.