08/06/2025

ПОВТОРНО ЕВАКУАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Причината се уште не е потврдена (ВИДЕО)

Евакуација повторно се случува во трговскиот мол Ист Гејт, дознава Курир.

Според нивните информации, сите вработени се евакуирани од споредните влезови на трговскиот центар, а исто така внатре нема ниту купувачи.

НЕОФИЦИЈАЛНО: Курир неофицијално дознава дека причина за евакуацијата во Ист Гејт е запален автомобил во подземната гаража.

При гаснење на пожарот интервенирала и против пожарната бригада.

Во моментов полицијата го обезбедува молот, единствено што се знае е дека преку разгласот било кажано посетителите веднаш да го напуштат тровскиот поради „безбедносен инцидент“ – пренесува Вечер.

Од Курир велат дека побарале одговор и од МВР, наскоро се очекува и нивен одговор.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

Споделете