08/06/2025

Apбен Таравари: Албанците се најлојални граѓани на Македонија, повеќе си ја сакаат од македонците

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 си даде за право да го навреди мнозинскиот македонски народ, споредувајќи ги неговата љубов и лојалност кон државата со тие на албанското малцинство и дискавалификувајќи ги македонците како себични.

Според него, Албанците се најлојални граѓани во Македонија и може да ја стабилизираат, но исто така и да ја дестабилизираат државата.

„Албанците секогаш работеле во интерес на државата, многу пати до сега од 1991 година па наваму ставени се нивните интереси на страна, само државата да оди напред“, изјави Таравари.

„Албанците беа многу поконструктивен фактор и го сакаа доброто на оваа земја многу повеќе од Македонците… Македонците се однесуваа многу себично и целта им беше да останат на власт. Како да урнеме мнозинство и да дојдеме на власт“, ​​праша градоначалникот на Гостивар и прв човек на партијата што е дел од Владата.

Споделете