08/06/2025

Ce запали фабриката Еуроком во Тетово

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско, информираат од горенаведената институција.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“.

Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Споделете