09/06/2025

Трикратната светска шампионка Мери Акиевска: Израснав изложена на семејоно насилство

Трикратниот светски првак во бодибилдинг, Мери Акиевска, на гостување во емисијата Магазин на Сител Телевизија проговори за нејзиното тешко минато.

– Израсната сум во семејно насилство, татко алкохоличар, кого по некое време го загубив. Мајка ми ми е огромна поддршка, во сите припреми за се ми помага. Жена борец, мајка кралица. Како самохран родител многу има направено за мене, за возврат и носам среќа и се надевам дека е горда да има дете како мене. По потекло сум од Крива Паланка. Во интернат во Скопје имав повеќе услови отколку во Крива Паланка. Живеев без струја и без вода и немав никакви услови.

Мајка ми не дозволуваше да се одвојам од останатите, даваше се од себе да не се чувствува нешто дека ми недостасвува и дека сум поразлична од другите. Се дружев со сите деца и тие што беа како мене случаеви и тие што беа многу имоќни. Со сите имав добра комуникација, освен со сама себе.

Кога се враќав дома размислував како ќе учам во темно, учев на восочна свеќа. Во училиште сите си купуваа храна од продавница, од бурекџилница, јас си носев од дома или мајка ми ќе замолеше некој да ми даде да јадам за да не останам гладна. Целата таа положба траеше со години се додека не се преселив овде, вели Акиевска.

Мери додаде дека е горда на своето минато и испрати мотивирачка порака до сите оние кои немаат услови да дадат се од себе, да веруваат во себе бидејќи се е остварливо и можно.

Споделете