Добри луѓе, да помогнеме на младиот Виктор Боневски

На пост на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров испрати повик за финансиска помош на младиот Виктор (на сликата од десно) кој боледува од рак!
Помошта за 19-годишниот Виктор Боневски е повеќе од неопходна, а треба да ја собереме сите заедно и брзо. Се бори со канцер, се сретнавме денеска и ветив дека Општина Ѓорче Петров, но и јас како поединец, ќе бидеме меѓу првите кои ќе му помогнеме да ги собере парите за лекување во турската болница „ЛИВ“.
Знам колку е тешка оваа борба и дека недостатокот на финансии ја прави уште покомплицирана. Многупати сме докажале колку хумана нација сме. Затоа и сакам да ве замолам, да помогнеме заедно. Потребни се 100.000 евра.
Телефонските броеви за донации се: -Телеком 143-122; -А1 143-507;
Верувам и очекувам да се вклучат и голем број на општествено одговорни компании. За контакт, тука е и Дани, братот на Виткор чиј број е 070 47 99 03.
Сметки за донација:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА – SPARKASSE BANK:
250500024209249
ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:
SWIFT: INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007582562
Пс. Виктор е спортист, на пат да стане врвен фудбалер. Да го вратиме заедно на теренот, каде што припаѓа!