09/06/2025

Престанува со работа централната единица за производство на струја во болница во Појасот Газа

Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти хамасовото Министерство за здравство.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа со која сеуште владее терористичката Хамас, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата во повеќето простории, да ги исклучи генераторите на кислород, како и ладилникот во мртовечницата.


„Овие итни мерки ќе и овозможат на болницата да работи само уште неколку дена. Меѓутоа, ако не можеме да обезбедиме струја или гориво, ќе се соочиме со катастрофа“, предупреди Ал-Кудра.

Шеснаесет од 35-те болници во Појасот Газа повеќе не се во можност да лекуваат пациенти поради недостиг на гориво, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.

Споделете