08/06/2025

Не пројде предлог законот за амнестија

Maкедонското cобрание не го изгласа Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога.

Имено, 15 пратеници гласаа „За“, додека пак 66 беа „против“, а 3-ца беа „воздржани“.

„Констатирам дека предлогот на Владата не е усвоен“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претходно, опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Споделете