Паризката полиција застрела жена која се заканувала дека ќе детонира бомба

Француската полиција отвори оган и застрела жена која упатувала закани на железничка станица во Париз, изјави полициски извор за француски медиуми.
Според очевидци, жената, која била целосно прекриена со бурка, извикувала „Алаху акбар“ („Бог е најголем“) и се заканувала дека ќе детонира бомба, изјави изворот, пренесува францускиот портал Локал.
Според изворот, „полицијата пукала затоа што се плашела за својата безбедност“.
Жената е ранета во стомак и е во критична здравствена состојба.
Полицијата не пронашла експлозивна направа кај застреланата жена ниту пак во непосредна близина.