Урсула Фон дер Лајен уверува дека ЕУ еден ден ќе го вброи и македонскиот јазик

На вчерашната прес конференција меѓу претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, таа порачува дека ние македонците сме имале „ункикатен“ идентитет без притоа да каже како се нарекува тој идентитет и дали мислела на нашиот македонски идентитет.
И во однос на јазикот таа беше јасна и не вети никакви конкретни рокови, најмалку 2030-година туку ја користеше формулацијата „еден ден“.
“Сигурна сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив-рече претседателката на ЕК” вели најголемиот авторитет во Европа.
Од друга страна, премиерот Ковачевски го спомена значењето на Договорот со Фронтекс како прв документ потпишан меѓу ЕУ и Македонија на македонски јазик.