09/06/2025

Унгарскиот парламент не гласаше за кандидатурата на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент го отфрли предлогот да се закаже седница за гласање за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што дополнително го одложи вклучувањето на таа нордиска земја во воената алијанса.

Откако Турција го ратификува документот, сега Унгарија е главната пречка за прием на Шведска во алијансата. Владеачката партија Фидес, предводена од популистичкиот премиер Виктор Орбан, кој важи за еден од единствените сојузници на Путин во ЕУ и има апсолутно мнозинство во унгарскиот парламент, ја одложува ратификацијата на кандидатурата на Шведска од јули во 2022 година.

Пратениците на Фидес го блокираа предлогот за закажување на гласањето, соопшти опозицијата во земјата. Нареден можен термин за ратификација на шведската кандидатура ќе биде на собраниската седница што почнува на 6 ноември.

Споделете