АВИКОН организира Саем на воздухопловство во сабота во Градски парк во Скопје

Оваа сабота (28.11.2023) во организација на воздухопловното здужение АВИКОН, по трет пат ќе се одржи Саем на воздухопловство.
Саемот ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, на Школка, со почеток од 11 часот. Најавени се гости од Македонија и од странство кои ќе споделуваат идеи, мислења и знаење од областа на воздухопловството.
АВИКОН ги поканува сите заинтересирани да се приклучат и бидат дел од овој саем.