09/06/2025

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Друштвото на писиатели на Македонија

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески денес поднесе неотовиклива оставка на функцијата.

Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи.

Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, пишува Петрески во оставка.

Претходно, писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ.

Споделете