СДСМ: Македонската култура доживува успеси, Скопје e културна престолнина

Со СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси, а традицијата, историјата, идентитетот и културното наследство се сочувани и заштитени. Посветеноста на интитуциите предводени од СДСМ е препознаена и потврдена од европските експерти, кои го избраа Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, ce вели во соопштението на владеачката партија.
Тие додаваат дека оваа престижна титула е можност за силен културен развој, реализација на нови проекти, афирмација на македонската кулутра.
– Со политиките на СДСМ македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици, заштитен без додавки и фусноти. Одговорните политики и преземените чекори и постапки се соодветно се валоризирани и од УНЕСКО, кој донесе одлука охридскиот регион да остане на листата на светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност. СДСМ, преку институциите коишто ги предводи продолжува со заложбите за заштита, негување и промоција на културата и обезбедува можности за развој и напредок, стои во соопштението.