09/06/2025

ПОТВРДЕН ТРАНСФЕРОТ НА НЕЈМАР: Бразилецот потпишал 2-годишен договор со Ал-Хилал

Францускиот весник „Л’Екип“ ги потврди шпекулациите дека бразилецот по шест години го напушта францускиот гигант ПСЖ, каде што стана најскапиот играч во историјата.

„Нејмар договорил сѐ со Ал-Хилал во врска со условите на двегодишниот договор. Во тек се финални преговори помеѓу ПСЖ и саудискиот клуб во Париз околу обештетувањето.

Сигурно е заминувањето на Нејмар од ПСЖ“, објави вчера „Л’Екип“.

Сега бразилскиот медиумски гигант „Глобо“ откри нови детали околу историскиот договор.

Нејмар за две сезони во Саудиска Арабија ќе добие 320 милиони евра. И ПСЖ ќе помине многу добро, при што Ал-Хилал ќе му исплати отштета од 100 милиони евра.

Нејмар на тој начин поставува уште еден финансиски рекорд. Тој станува најскапиот играч во историјата за клуб надвор од Европа. Саудискиот клуб веќе за денеска резервирал лекарски преглед за Нејмар во Париз, а Ал-Хилал подготвува спектакуларна презентација на историското засилување за во среда.

Ал-Хилал е најпопуларниот клуб во Саудиска Арабија. Во саботата загуби во финалето на Купот на арапските шампиони од големиот ривал Ал-Наср, предводен од Кристијано Роналдо. Сега ќе го донесе Нејмар за да ја урне популарносра на Роналдо.

Споделете