Капитенот Ристовски ја напушта репрезентацијата: Односот меѓу мене и селекторот не е најдобар

Стефан Ристовски, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, ја извести јавноста дека поради лошиот однос што го имал со селекторот Благоја Милевски, решил да се повлече од националниот тим.
Ристовски одлуката ја објави на социјалните мрежи и им посака среќа на своите колеги во наредниот период.
„Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што лично сме разговарале. Од моја страна и му било предочено од моја страна, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата“ – изјави Ристовски.
Ристовски од 2011 година е стандарден репрезентативец и за националниот тим одиграл 80 натпревари, постигнал два гола.