Оставките на министрите од ДУИ ќе стапат на сила по изгласување на уставните измени

Министрите од ДУИ кои вчера испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.
Според информации на телевизијата, во писмото испратено до премиерот пишува дека оставките стануваат ефективни веднаш откако ќе се изгласаат уставните измени, односно ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка и гласа уставни измени.
„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!
Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.
На ова, единствениот пратеник од БЕСА се пошегува на социјалната мрежа Фејсбук.
„Како пратеник поднесувам оставка од функцијата, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува АЛБАНСКИ ЈАЗИК“.