ВМРО-ДПМНЕ: Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за опозиција

Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за падот на оваа влада. Оставките кои ги поднесоа нека ги активираат и да се оди на брзи избори за народот да се отараси од оваа криминална и корумпирана власт, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Веруваме дека времето во опозиција и на СДС и на ДУИ добро ќе им дојде да се реформираат и да си подготват добра одбрана кога ќе одговараат за криминалите кои ги направија изминативе години.
Народот воопшто не е потресен доколку некој министер од оваа влада си поднесува оставка, туку напротив, тоа го гледа како меѓу чекор до конечен пад на оваа власт. Изборите се единствениот излез од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија.
Ги охрабруваме министрите, особено оние од ДУИ кои депонираа оставки, да се охрабрат уште малку и да ги активираат. Убаво ќе биде да се соочат со народот поскоро и да видат што мисли тој за нивната работа, стои во соопштението на партијата.