Пендиков пак се жали, неговиот адвокат не дозволи тој да одговори дали го познава обвинетиот од претходно

Новопечениот Бугарин, Христијан Пендков се чувствува загрозен, нема да бара обезбедување од МВР, но не одговори на прашањето дали со обвинетиот Илија Спасески за кој тврди дека го натепал, се знае од претходно, како и дали причините за тепачката се нерасчистени односи од порано. Пред медиумите одново се пожали кога беше прашан какви закани добива. Истовремено, тврди дека престојува нормално во Македонија, со надеж дека нема да биде убиен.
„Се чувствувам загрозен. Добивам закани на социјални мрежи – месенџер, Инстаграм. На коментари си читаме закани кај што сакаат да не убијат. Не се чувствувам океј. Пријавено е во полиција, пред месеци и сега пред брзо. Редовно си пријавуваме. Пријавено е во ОБСЕ, сегде.