09/06/2025

Пронајдено телото на актерот Џулијан Сендс

Мртвото тело било пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија и било идентификувано со британскиот глумец Џулијан Сендс, кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење.

Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, кој бил жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Неговото тело било откриено во саботата од љубители на планинарењето. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес.

Калифорнија беше погодена од јака зима со досега незабележани бури проследени со доста смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.

Си-Би-Ес (CBS) јави дека два дена пред неговото исчезнување, мајка на четири деца загинала во лизгање на земјиштето на планината Балди. А 75-годишник се загубил на планината, но бил најден и спасен по два дена.

Беа организирани неколку потраги по Сeндс – последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни.

Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други. Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц и има три возрасни деца.

Споделете