08/06/2025

8 загинати и 56 повредени е билансот од рускиот напад во Краматорск

Бројот на загинати во рускиот напад врз ресторан во градот Краматорск во источна Украина изнесува најмалку 8, а 56 се повредени, според новите информации на украинските служби за итни случаи.

Меѓу загинатите се верува дека има и три деца, соопшти украинската служба. „Спасаувачите ги пребаруваат остатоците од зградата и бараат луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините“, се вели во соопштението.

Краматорск е голем град западно од линијата на фронтот во Доњецката област и најверојатно ќе биде клучна цел на руското напредување кон запад за да ја заземе целата област. Честопати беше цел на напади, вклучително и нападот во април 2022 година врз железничката станица во кој загинаа 63 лица.

Споделете