08/06/2025

Украина со проектил го погоди мостот Чонгар кој го поврзува Херсон со Крим

Украина истрела проектил кон мостот Чонгар, кој ги поврзува Херсон, кој е под контрола на Русија, со полуостровот Крим, поради што сообраќајот е пренасочен, ијавија денес официјални претставници на двата региона назначени од Русија.

Владимир Салдо, гувернер на Херзон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но за сега, нема извештаи за жртви.

Тој рече дека во нападот најверојатно биле користени ракетите „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow).

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рече дека експертите ја испитуваат локацијата за да утврдат кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи.

Познат како „Порта на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој Русија го приспои со копното во 2014 година.

Споделете